СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Н. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено крвично дело „даночно затајување”.

Пријавениот, со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок, не ги пријавил како друг доход, со што го оштетил буџетот на Република Македонија, а бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход.