Скопјанецот Марко Илиевски сведочи дека патувал од Мароканскиот брег до Шпанија, па во Бугарија до Македонија со стар пасош. Според него, никој не граничните премини не му направил проблем што на истиот нема „северна“.
„Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада. Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза“, пишува Илиевски.
Претходно пак Виктор Настески (44) од Скопје кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, останал без договор за вработување оти имал невалиден пасош. Ова го сподели самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека неговата компанија е зачудена како ова може да се случи.