Полициски службеници од ЕВР Гази Баба синоќа на ул.„Благоја Стефковски“ го привеле Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 05.05.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.