Полициските службеници во текот на вчерашниот ден привеле повеќе лица кај кои биле пронајдена дрога.
Најпрво вчера во 13.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, денеска (25.01.2023) во 00.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа во 01.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Последниот случај е регистриран во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(21) од Босна и Херцеговина, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.