Годинава се одбележуваат 62 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година.
Првата помош за жителите дошла од тогашните југословенски републики, по што дури 87 држави од светот испратија помош, за неговата обнова, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
1070 загинати, урнати речиси 16.000 домови
Во земјотресот загинаа 1.070 лица, додека повредени биле над 3 илјади лица.
Од потресот се урнале 15.800 домови, а оштетени биле скоро 30 илјади. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.
87 држави испратиле помош за Скопје
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.
За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на скопјаните.
Неколку месеци порано во Скопје настанала поплава од катастрофални размери, којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без човечки жртви. Буицата на реката Вардар ги срушила куќите на неколку стотици скопјани. Овој настан се смета за предвесник што хипотетички придонел за Скопскиот земјотрес.