Муцунски нема да го прими бугарскиот амбасадор Радуков
Изоставеното македонско знаме при посетата на Силјановска Давкова во Софија и денеска ги бранува македонските и бугарските медиуми. Што и како бил официјалниот протокол на средбата, а и дали допрва ќе се дискутира меѓу двете дипломатии. Но, како што пишува Плусинфо Муцунски во Скопје нема да го прими бугарскиот амбасадор Радуков. Со тоа Муцунски испраќа порака дека не ѝ дава простор на Софија за поголем политички конфликт.
Реципроцитет на релација Скопје – Софија?
Денеска во Скопје бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков ќе биде примен од директорот на директоратот за регионални иницијативи, а не од министерот Тимчо Муцунски. Со ова, како што пишуваат упатените во тематиката, Муцунски не сака да подлегне на бугарските провокации и на овој начин сака да ја спушти топката да се избегне голем политички конфликт. Целта е мирно решавање на тензијата меѓу двете страни, а од друга страна да има реципроцитет – односно како се однесува Софија кон Македонија, така и нашите власти кон нив.
Цврст став на македонските власти кон националните интереси
Веројатно цвртите ставови на македонските власти се неочекувани за официјална Софија. Претходно неколку години со МНР претседаваше Бујар Османи кој имаше бројни аномалии, а додека премиер беше Заев честопати од јавноста беше обвинет за сервилност кон Бугарија во однос на отворените прашања меѓу двете земји.
Што се случи во Софија?
Средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев на 13 септември предизвика остри реакции поради отсутноста на македонското знаме на официјалните фотографии.