-Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела, требаше да започне оваа недела, но нешто подолго потраја анализата на учениците по училишта, во осоновни и во средни. Со оглед дека сега е подготвена методологијата, од утре ќе започнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди за да во текот на следната недела и практично се спроведе скринингот, рече Филипче на новинарско прашање до каде е постапката со скринингот по обраќањето на настан за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива во лекување и спасување човечки животи.

Појасни дека се знае колкава бројка во кој од класовите во кои училишта ќе бидат опфатени согласно бројката на училишта во општините и ученици во тие училишта, и основни и средни. Верува дека тоа брзо ќе се спроведе бидејќи ќе се прави преку електронскиот дневник како и поради можноста на родителите веднаш да одговорат.

Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема опбичен бриз кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспиталиизрани деца. Десетина до 15 деца се во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали еветуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата, рече Филипче.

Во однос на дополнителната препорака и мерка за влез во затворени објекти само на лица со две примени дози вакцина, Филипче најави дека ќе се дискутира на следниот Централен штаб во Владата што треба да се одржи наредниот понеделник согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

-Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнитени со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, посочи министерот за здравство Венко Филипче по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.

Целта на скринингот, како што порано минатата недела изјави Филипче, е да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Со скринингот треба да се опфатат околу 8 200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите.