Во 05:05 часот утринава на бул.„Партизански oдреди” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Вчера пак во угостителски објект на кеј „13 Ноември”, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(44) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Утринава во 06.15 часот пред спортска сала „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 30 годишник од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случаите против лицата кои нападнаа полициски службеници ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.