Славески посочи дека е загрижен кога ќе се изгласа петиот пакет на економски мерки. Оваа седница е закажана дури на 23-ти март и ова јасно говори дека мнозинство на власта воопшто не е стабилно како што велеше Зоран Заев.

– Мојот став за петтиот пакет антикризни мерки е исто како и за претходните четири пакети на кризни мерки. Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа мерките кои што значат заштита на граѓаните и на претпријатијата, бизнисите во овие времиња кои што не се ни малку лесни. Сега фактот што извршната власт нема адекватна поддршка во Парламентот тоа е за жалење на сите нас, знаете сега нешто што е предадено од страна на Владата како предлог за измени таму на законите уште во средината на февруари, а да се стави на седница дури на 23-ти март, со неизвесност дали ќе се фатат роковите не може воопшто да се стави на товар на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, истакна Славески.

Славески додаде дека него го загрижува што Парламентот е блокиран и воопшто не функционира поради нестабилното мнозинство на власта.