Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Бугарија на покана на министерот за одбрана Драгомир Заков, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Република Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, по официјалната церемонија на пречек, двајцата министри ќе имаат средба по што ќе дадат изјави за медиумите.

Министерката Петровска и делегацијата што ја предводи потоа ќе се сретнат со раководството на бугарската парламентарна комисија за одбрана во Народното собрание.