– И покрај економското закрепнување, бројот на корпоративни банкроти се очекува да се искачи од многу ниско ниво во 2020 година, делумно поради нерешените побарувања за банкрот, се нагласува во најновата анализа на ЕЦБ за финансиската стабилност на еврозоната.

Во анализата се истакнува дека „владите се соочуваат со задача да најдат деликатна рамнотежа помеѓу предвременото прилагодување на мерките за поддршка, што може да предизвика бран на банкроти на компании и предолго спроведување на мерките за поддршка, со што ќе се одржуват неодржливи компании“, предупредуваат тие.

– Поголем товар на долгови за компаниите во земји со поголем услужен сектор може да го зголеми притисокот врз нивните влади и банки, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос.

ЕЦБ предвидува дека профитабилноста на финансиските институции во еврозоната ќе остане релативно слаба.

Централната монетарна институција на еврозоната, исто така, посочи дека треба да биде свесна за растечкиот предизвик што го поставуваат климатските промени за банките, како во кредитирањето, така и во осигурувањето кредити.