Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.