Полначот е донација од Република Словачка, поточно од Словачкиот фонд за предизвици, добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2×22 кw.
Од овој фонд се финансираат проекти со вредност меѓу 20 и 40 илјади евра во траење до една година. Во реализација на овој проект учествуваат компании од Словачка и јавна или приватна установа од Македонија. Проектот се организира преку словачките фирми SEAK и MONTIN.