Словачка забележа рекорден број новозаразени лица во изминатите денови, надминувајќи 8.000 во вторникот, а претходно оваа недела објави дека има само уште неколку кревети во одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирусот, објави Ројтерс.
-Тоа значи карантин за невакцинираните, рече премиерот Хегер на прес-конференција.
Според новите правила, само лицата што се вакцинирани или прележале ковид во последните шест месеци ќе смеат да влезат во ресторани, трговски центри, на спортски активности и јавни настани.
Мерките, кои стапуваат во сила в понеделник и се очекува да траат три недели, се слични на оние усвоени во соседна Австрија и воведени од оваа недела.
Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската Унија – 45 проценти.