Полицијата постапила по пријава за семејно насилство

Полицијата во Охрид приведе 48-годишен државјанин на Словенија, откако бил пријавен за физички напад врз неговата сопруга.

Настанот се случил на 1 мај 2026 година околу 20:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“, по претходна пријава за инцидент во стан.

Станува збор за лицето И.К. од Љубљана, кое, според пријавата, по вербална расправија физички ја нападнало сопругата.

Од полицијата информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.