Според одлуката на словенечката Влада, за влез во земјата без карантин ќе важи европската дигитална потврда за вакцинација или дигитална потврда од трети држави, а основен критериум за влез е доказ дека некое лице прележало Ковид-19, целосно е имунизирано или има негативен резултат од тест.

Единствен исклучок се странците кои имаат земјиште или недвижен имот во Словенија (т.н. двојни сопственици) и за деца под 15-годишна возраст доколку се во придружба на родител или старател, јавија словенечките медиуми.