Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет.

Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна насабајле, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.

Интересно е што тројцата долгогодишни вработени во управните служби си тргнале по логиката дека 10-тата цифра во секој матичен број го определува полот, нулата е за мажи, а 5-ката за жени. Станувало збор за машки матичен број што значи дека грешката е напрвена уште кога на државјанката Ѓорѓие Коруни и е издаван матичниот број е направена грешка што пак во превод значи дека тој службеник во матично не ја видел туку работел по логика и по нејзиното име.

Втор контроверзен случај, според обвинението за Двојник, е поврзан со ликвидација на двајца припадници на таканречениот шкаљарски клан во Атина. Во јануари 2020-тата во Грција се убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ со потекло од Црна Гора. Двајцата биле обвинети за повеќе убиства, трговија со луѓе и дрога.

Но си купиле македонски пасоши, едниот во декември 2017-та, вториот летото 2018-та. Со украден идентитет поминувале граница, а биле убиени заедно во Атина во ресторан пред своите жени и деца. Пасошите им ги правеле обвинетите Барути и Софрониевска.

Идентитетот им е докажан преку отпечатоци на прсти од црногорски документи и истраги кои биле исти со отпечатоците во македонските пасоши со идентитет на македонските државјани Горан Тасевски и Емил Филипов.

Токму овие што ги издаваа пасошите на вакви криминалци си признаа и вина и се осудени на помалку од две и пол години затвор. Уште тројца службеници на пасошкото не признаа вина и денеска имаа рочиште, но беше зад затворени врати бидејќи се изведуваа докази кои се класифицирани и доверливи информации,пренесе Телма