Попова Шапка, денеска се разбуди под снег. Како и повеќето високи планини на западот од земјата и оние високите во централното подрачје, утрово се прекриени со дебела снежна покривка.

Ноќеска наврнале 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка.

Од УХМР најавуваат деа денес ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува.