Славчо Попоски на социјалните мрежи објави снимка од пределот над Попова Шапка, посочувајќи дека на повисоките делови од планината паѓа снег.

„Верувале или не: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег“, напиша Попоски во објавата.

Тој истовремено посочи дека ваквиот развој на временските услови е во согласност со неговите претходни прогнози.

„Прогнозите мои се остварија“, наведе Попоски.