Годината почна без снег, но тоа не влијаеше на посетеноста. Снегот ги отвори можностите за продолжена зимска сезона.
Крушево одлично помина за празниците. Со преку 1.000 легла во хотелското и приватното сместување, туристичко и историско Крушево се соочи со недостиг од капацитети да одговори на барањата, главно на домашните, но и на странските туристи. Новиот снег ја продолжи зимската сезона.
Крушево е атрактивно за четири сезони. Градските власти се свесни дека треба да се унапреди услугата за туристите. Крушево неуморно нуди туризам и историја.