Со автомобил со голема брзина се забил во група изведувачи на белгискиот карневал, при што загинати се шест, а тешко повредени се десет лица, кои се подготвувале за парада рано денеска, соопштија властите, велејќи дека инцидентот не личи на напад на милитанти.
Во оваа фаза, нема елементи кои укажуваат на тоа дека нападот имал терористички мотив“, рече обвинителот Демиен Верхејен на прес-конференција.
Полицијата ги демантираше извештаите на медиумите дека автомобилот бил вклучен во полициска потера. Инцидентот се случил во јужното белгиско село Стрепи-Бракенис околу 5 часот наутро.
Жак Гобер, градоначалник на соседниот град Ла Лувиер, рече дека меѓу 150 и 200 луѓе се собрале да се подготват за годишната парада, која вклучува костими и тапани, кога се појавило возило.
„Залетаниот автомобил се заби во толпата. Потоа возачот продолжи по својот пат”, рекол Гоберт. Приведени се две лица кои биле во автомобилот. Полицијата соопшти дека станува збор за локални жители на 30-годишна возраст, кои претходно не ѝ биле познати на полицијата.
Во изминатите седум години, Белгија се обидува да ги пронајде и отстрани лицата за кои постои сомневање дека се вклучени во милитантни активности. Ќелијата на Исламската држава во Брисел беше вклучена во нападите во Париз во 2015 година во кои загинаа 130 луѓе и во Брисел во 2016 година кога загинаа 32 лица.
Забивање со возила во толпа стана вообичаено оружје што го користат милитантите во Европа и расистите во Соединетите Држави, бидејќи тоа се евтини напади кои лесно се организираат и властите тешко можат да ги спречат, велат експерти.