Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и близок соработник на екс-премиерот Зоран Заев, е меѓу вмешаните во операцијата на Министерството за внатрешни работи насочена кон организираниот криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Во акцијата се вклучени 29 физички и 4 правни лица од различни градови, меѓу кои Кичево, Битола Велес и Скопје.
Оваа група преку јавни повици за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј злоупотребиле околу 6,5 милиони евра. На државата ѝ нанеле штета, а за истото следува одговорност. Плусинфо ги објави со име и презиме.
МЕГА АКЦИЈА НА МВР: Уапсени 29 лица, најзвучно е името на Васко Ковачевски
Ковачевски е осомничен за несовесно работење, заедно со Васко Стефанов кој е негов наследник во ЕСМ и Пеце Матевски кој е поранешен директор на РЕК Битола. И Стефанов и Матевски се обвинети дека овозможувале злоупотреба на јавен повик како дел од криминална организација.
Дополнително, уапсен е и Ардијан Муча, комерцијален директор на ЕСМ, е осомничен за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на адитиви за РЕК Битола и ТЕ Осломеј.
Велешанецот Данчо Стојановски е осомничен дека водел криминална организација, а претходно бил комерцијален директор во ЕСМ. Властите имаат пристап до два негови сефови за докази.
Маја Јорданова, исто така од Велес и братучетка на Стојановски, е осомничена како организатор и има милионски договор за адитиви од Италија за ЕСМ, добиен како единствен понудувач. Таа работи во АД Пошта и е сопственик на приватна компанија без вработени.
Маја Јорданова, службеничка од „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра
Во истрагата е вклучен Небојша Стојановиќ од Неготино, поранешен директор на ТЕ Неготино, кој исто така е осомничен за организирање. Тој го привлече вниманието за значаен договор во кој е вклучена фирмата на неговата сопруга Милица со РЕК Битола, каде потписник е осомничениот Пеце Матевски.
Небојша, заедно со неговиот брат Ранко, таткото Мирко и сопругата Милица, исто така е осомничен за перење пари, а доколку се потврди ќе бидат преземени мерки.