Во текот на вчерашниот ден со одлука на МНР се отповикани девет амбасадори. Со ваквиот потег, следува целосен ремонт на македонската дипломатска мрежа. Неофицијалната причина за нивно отповикувањето била неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи.

Се работи за следните девет амбасадори:

Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
Катерина Ставревска, Лондон, ВБ
Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица
Пајо Авировиќ, ОБСЕ
Емил Крстевски, Прага
Јакуп Реџепи, Сараево
Агнеза Руси, Софија
Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
Андреј Жерновски, Букурешт, Романија

Муцунски ги отповикува амбасадорите поставени од Пендаровски

Според информациите, отповикани се поради неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори. Останува да видиме кои амбасадори ќе бидат поставени на сега отповиканите.

Извор: Курир