Независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва во изборното соочување во МТВ, а во однос на проектот за бесплатен превоз за сите скопјани, истакна дека ако можел градот да финансира скандалозни активности и да прави непродуктивни трошоци за субвенционирање на загубарот ЈСП, ако истите се скратат со добар менаџмент може да се овозможи бесплатен јавен превоз.

-Решенијата на скопјани треба да се решаваат брзо, сигурно и квалитетно, во делот на инфраструктурата има неколку решенија прво онаа делница која што до сега не беше реализирана, како булеварот Хрватска, кој требаше да го поврзува Бутел и Автокоманда, проширување на делницата од кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ до булеварот „Ѓорче Петров“, преку булеварот Словенија ќе се овозможи онаа внатрешна обиколница за да можат граѓаните да имаат подобар транзит низ градот, а тука е и квалитетниот превоз за овозможување на бесплатен јавен превоз за сите скопјани, со кој сметам дека ќе се намали бројот на возилата во градот, истакна Арсовска.

Арсовска вели дека во врска со проектот кој гарантира дека ќе го овозможи за бесплатен јавен превоз, посочи дека Јавното претпријатие работи со загуба долго време, а се субвенционира од Градот Скопје, ако се скратат непродуктивните трошоци, со кратења на непродуктивните трошења кои градот ги правел изминативе години, а се на сметка на оштетување на џебот на граѓаните, а се финансирале скандалозни активности како случајот со вознемирувањето на малолетници, може да се овозможи бесплатен јавен превоз, вели таа.