Гордана Димитриеска Кочоска рече дека минатата година знаеме како отиде во стечај Еуростандард банка,дека верува во правдата и дека ќе се докаже дека во банката имало криминални дејствија што како резултат на тоа целта била да се затвори истата за да се заташкаат односно затскријат одредени работи.
Таа додаде:
-Согласно Законот за осигурување на депозити ги покрива нели ги обештетува овие штедачи кои што имаат штедни влогови до 30.000 евра. И сега што се случува? Фондот за осигурување на депозитите не ги чува парите кај себе, тој фонд значи ги добива парите од банките, а во банките оние кои што земаат кредити преку каматните стапки ги плаќаат своите да речеме ризици на фондот за осигурување на депозити. И тој таму се грижи за тие пари и не ги чува кај себе, ги вложува во државата, односно купува државни хартии од вредност
-И сега во сред корона криза, кога е тешко, кога кај нас имаме 4.5% пад на БДП, кога фирмите се пред колапс, кога државата доцни и не плаќа, имаме ситуација затворање на една банка. И треба сега да ги сервисираме односно да ги обештетиме оние штедачи кои што се во рамки на лимитот кој што го покрива државата. И ние имаме ситуација кога фондот ги нема парите, ама ги има хартиите и им ги продава на банките, рече таа.
Димитриеска Кочоска додаде дека банките сега ги купуваат хартиите од вредност и така даваат пари на фондот за осигурување на депозитите за да се обештетат штедачите, и поради тоа се качуваат каматните стапки.
-Вчера излезе податокот дека фондот за осигурување на депозитите сега има средства кај себе помалку од тоа што законски мора да го има. Тој износ сега фондот треба да го надополни. Како ќе го надополни? Кажавме кој е изворот, тоа е преку каматните стапки. Односно тоа клиентелата на банките го плаќа тоа. И сега ќе имаме зголемување на каматните стапки. И да го немавме случајот со меѓународен пазар, ние ќе имавме заради фондот за осигурување на депозитите. Така да со една одлука за носење во стечај на Еуростандард банка ние имаме одлив на пари од банките према фондот, значи во услови на криза и сега очекуваме повисоки каматни стапки, истакна Димитриеска Кочоска.