Селекторката на женската младинска ракометна репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот со 19 ракометарки. На овие играчи стручниот штаб ќе смета за претстојната ЕХФ недела.

На повикот на селекторката се најдоа претставнички од неколку домашни и еден странски клуб. На списокот се најдоа:

Вардар: Марија Дуноска, Симона Миноска, Ања Лашкоска, Елена Балоска, Сара Дамјаноска, Ивана Трифуноска, Јована Павичевиќ, Неда Јанева, Мила Лашкоска и Драгана Тодороска.

Ѓорче Петров: Сара Илиоска, Тара Аврамовска, Марија Димоска, Антонела Ѓероска и Бојана Георгиевска.

Пелистер 2012: Сара Котевска, Анастасија Тодороска и Еџе Сеједин.

Малме: Емма Лазареска.

Собирот на младинските репрезентативки е закажан за понеделник, 23 ноември, со почеток во 17 часот. Првиот тренинг ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.