СОБРАНИЕ: Конститутивна седница на Националното собрание на млади

С

Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Националното собрание на млади, на која ќе се усвои деловникот за работа и ќе се избере претседавач.

Македонија 12.02.2026. 08:39

Конститутивна седница на Националното собрание на млади

Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Националното собрание на млади, во согласност со член 11 од Законот за младинско учество и младински политики. Информацијата ја соопшти собраниската прес-служба.

Усвојување на деловникот за работа

По отворањето на седницата и утврдувањето на дневниот ред, предвидена е расправа за донесување на деловникот со кој ќе се уреди начинот на работа и одлучување на Националното собрание на млади.

Избор на претседавач

Во рамки на конститутивната седница, ќе се пристапи и кон избор на претседавач на Националното собрание на млади.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст