Арбен Фетаи официјално се повлече од функцијата

Собранието денеска во рамки на 104. седница ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, која тој ја поднесе на 1 јуни.

Фетаи за одлуката информираше преку социјалните мрежи, при што наведе дека од функцијата заминува со лична оценка за околностите и постигнатото.

Во својата објава на Фејсбук, Фетаи наведува:

„Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да, наведува Фетаи.“

Тој додава дека во актуелните околности не постојат услови функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и затоа се повлекува.

Одлуката беше констатирана на денешната 104. седница на Собранието.