– Моментите кога се случуват вакви трагедии, се моменти кога сите ние остануваме без зборови, запрепастени од загубата на човечките животи. Потресните слики кои доаѓаат од местото на несреќата не прават тажни, а вестите дека згаснаа голем број на млади животи оставаат горчина. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на загинатите патници, и воедно се надеваме на брза и ефикасна истрага, која само за миг ќе биде еден вид на утеха за згаснатите животи. Ова е голема трагедија, која не погоди сите нас, кои најискрено жалиме за смртта на патниците, посочуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител.
Сочувство од Народниот правобранител за загинатите во автобуската несреќа
С
Народниот правобранител упати сочувство за 46-те жртви што загинаа во автобус на скопската компанија „Беса транс“ што рано изутринава се случи во Бугарија.