Страшна трагедија! Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот фејсбук профил.
Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли и сила ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани – вечен да им е споменот!, објави Шекеринска за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус регистриран во Република Македонија доживеа сообраќајна несреќа при што загинаа 46 лица.