Софија Вергара конечно реши да стави крај на шпекулациите откривајќи што всушност го решило нејзиниот брак со 47-годишниот Џо Манганиело.
51-годишната актерка во интервју за шпански „Ел Паис“ проговори за својот живот и кариера, а се осврна и на разводот.
„Мојот брак се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека тоа не би било фер кон бебето. Тоа веќе не е за мене. Добив син кога имав 19 години, кој сега има 32 години, а јас сум подготвена да бидам баба, а не мајка“, открила таа.
Потсетете се дека Манганиело поднесе барање за развод наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за нивната разделба. Имено, за датум на развод е даден 2 јули. Сепак, повеќе извори изјавија за Page Six дека двајцата живеат одвоени животи „многу, многу долго време“.
Ѕвездата на серијата Modern Family во последните неколку месеци се забавуваше со ортопедскиот хирург Џастин Салиман, но раскинаа затоа што таа „не е подготвена за сериозна врска“, велат извори на Daily Mail. Во меѓувреме, Манганиело е виден со актерката Кејтлин О’Конор.