Колумбиската „кралица на кокаинот“, Гризелда Бланко ќе го привлече светлото на вниманието со својата животна приказна во новите продолженија на серијата „Narcos“ на „Нетфликс“, а неа ќе ја игра нејзината позната сонародничка – Софија Вергара.

Креаторот на серијата Ерик Њуман потврди дека 49-годишната актерка ќе ја отелотвори Бланко во новата сезона на познатата серија.

Во оваа сезона ќе ја запознаеме снаодливата Гризелда, која го создаде еден од најуспешните нарко-картели во историјата.

Интересно, таа беше позната како грижлива мајка, а комбинацијата на шарм и дивјаштво ѝ помогна да го балансира едноставниот семеен живот со опасната работа.

Поради оваа смртоносна комбинација на лукав и умешна работа, Гризелда го добила прекарот „Кума“.

Проектот се развива веќе осум години, а колумбискиот режисер Андрес Баиз (47) ќе ги режира сите шест епизоди.

Њуман тврди дека Вергара се покажала како исклучително талентирана и дека ова е нејзиниот проект од соништата бидејќи актерката дала се од себе за да покаже колку и значи оваа улога.