Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре претпладне времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 30 до 38 степени.