Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер над 80 километри на час и услови за појава на град.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време. Утре и в сабота, дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од денешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.