Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. УВ=9

Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните дневни меѓу 25 и 37 степени.

Во Скопје сончево и топло време, со максимална температура од 33 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно, нестабилно и посвежо на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. УВ=7