Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 31 степен.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.