Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=8

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 30 до 39 степени.

Во Скопје сончево и топло со максимална дневна температура од 37 степени.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во јужните делови од земјата се најавуваат температури од 42 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса денес и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат, особено од недела.