Во Скопје ќе биде сончево и тивко, со минималната температура до 6 и максимална до 24 степени.
Следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови.
Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.