Во најголем дел од Mакедонија денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер.

Времето и во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми.

Утре во најголем дел од Македонија времето ќе биде сончево со мала облачност, тивко и релативно топло. По котлините ќе биде магливо со пониска дневна температура. Во Скопје нагливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 Целзиусови степени.