Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 7 степени, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 20 степени.

До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Од недела до вторник минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.