Претежно сончево и топло ќе биде времето денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе е поинтензивен на североистокот. УВ=8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со температура до 34 степени.

За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР најавуваат дека следува период на стабилно време. Дневната температура до утре ќе биде во благо опаѓање, а потоа ќе бележи позначителен пораст.