Сообраќајна несреќа меѓу пикап и моторцикл се случила утринава кај трговскиот центар Скопјанка во Аеродром.

Според фотографиите на ТВ21 може да се забележи дека од ударот е скршено едно од задните стакла на пикапот.

Засега нема информации за повредени лица.