Компанијата на сопругот на Царовска „Флај кем“ склучила договор за проектот со Град Скопје во вредност од над еден милион денари или 16.250 евра, пишува сајтот Експрес.

Задачата на фирмата на сопругот на министерката за образование Мила Царовска „Флај кем“ е да ги набљудува од дрон шумите во скопската котлина за рана детекција на растителни болести.

Договорот ќе трае една година а фирмата ќе треба да изврши Три Д мапирање на теренот со таканаречена мултиспектрална камера за набљудување на вегетацијата.

За да се заврши целиот проект Град Скопје ќе треба да обезбеди лиценциран софтвер во кој ќе се прават мерењата на на теренот во скопско.