– Ја осудуваме оркестрираната инструментализација на луѓето чии животи и благосостојба Белорусија ги загрози за политички цели, со цел да се дестабилизираат соседните земји и надворешната граница на Европската унија и да се оттргне вниманието од сопственото растечко кршење на човековите права, се вели во соопштението.

Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, САД и Велика Британија го опишаа пристапот на Белорусија како неприфатлив и го обвинија претседателот Александар Лукашенко дека станува закана за регионалната стабилност, повикувајќи на силен меѓународен одговор за да се повика Белорусија на одговорност, ветувајќи дека ќе разговараат за понатамошни мерки кои можат да се преземат.