Жестоки борби од утринава со водат за една од најгоемите челичарници во европа – Азовстал.

Руската армија го стега обрачот околу еден од најважните украински градови на јужниот дел од земјата Мариопол. Украинското министерство за одбрана соопшти дека привремено го загубиле пристапот до Азовското море, а според последните информации најголемата битка во Мариопол се води за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа. Како резултат на уличните борби во градот, околу 1.000 цивили останаа заробени под уништениот театар во градот.

„23 дена сме без вода и отсечени од светот, вие ни ветивте помош и ве молиме, исполнете го вашето ветување. Се одлучува за иднината на светот, за Украина да ја покаже сета сила и моќ, колку и да е мала дека ќе се бори со некој монструм како Русија.

Во Запорожје пак, како резултат на гранатирање загинале 9 лица а 17 се повредени…а во градот е воведен и полициски час.

Во екот на засилената руска офанзива, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук потврди дека се очекува отворање на 10 хуманитарни коридори за безбедно извлекување на цивилно население, претежно од јужниот дел на земјата.

„Денеска се договорени 10 хуманитарни коридори. Од областа Доњецк, градот Мариопол до местото Запорожје замина конвој од автобуси. Се пренесуваат граѓаните на Мариопол преку Берданск до Запорожје. Исто така денеска испративме храна на пунктовите во Мариопол каде што е потребно за оние кои одат пеш а денеска ќе започнеме да ги пренесуваме со автобуси до Берданск.

По речиси тринеделни жестоки битки, од Русија стигна потврда дека во текот на вчерашниот ден било користено хиперсонично оружје за да се уништи подземно воено складиште во западна Украина како и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на градот Одеса…

И додека борбите се интензивираат од час во час, украинскиот претседател Володомир Зеленски повторно повика го повика својот руски колега Путин на преговори за мир без одложување и предупреди дека во спротивно, загубите на Русија ќе бидат огромни.

„Ние секогаш инсистиравме на преговори, секогаш нудевме дијалог и решенија за мир. Не само во текот на 23 дневната инвазија. Јас сакам сите да ме слушнат сега, посебно да ме слушнат во Москва. Време е да се сретнеме, време е да разговараме. Крајно време е да го вратиме територијалниот интегритет и правдата за Украина. Во спротивно, загубите на Русија ќе бидат огромни, така што неколку генерации нема да можат да се опорават од нив.

Во исчекување на евентуални нови рунди преговори, градоначалникот на Киев, Кличко во интервју за италијански весник побара дополнително оружје од НАТО и Европските сојузници си цел одбрана на воздушниот простор на главниот град, каде украинската армија се подготвува за голема офанзива од руска страна.