Советот на Град Скопје има 45 советнички места. За градоначалничкото место на Скопје во вториот круг се натпреваруваат Данела Арсовска, независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов, актуелен градоначалник и кандидат на СДСМ.

Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ е професорот Трајко Славески, а тука се и Владимир Нелоски, Марија Андоновска, Луке Галески, Малиша Станковиќ, Жаклина Шопова, Стефан Андоновски, Александар Трајановски, Емилија Ангелова…

Носител на листата на СДСМ е директорката на Клиниката за пластична хирургија, Софија Пејкова, потоа Мартин Попов, Дрита Исмјали Бафтири, Љубица Јанчева, Горан Арсов, а советник стана и Габриел Бајрам, синот на починатиот лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

„Левица“ во Советот ќе ја предводи Реџеп Исмаил, а „Зелен хуман град“ ќе го застапуваат поранешната советничка од „Левица“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски.

Доктор Никола Пановски е нов советник на ЛДП/ДОМ.