Советот го осуди и апсењето на познатиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој беше во авионот и Софија Сапега, се вели во соопштението. Во документот се нагласува дека притворот на Протасевич е „навреда за принципите на политичко несогласување и слобода на медиумите“.

– Белорусија мора веднаш и безусловно да ги ослободи господин Протасевич и госпоѓа Сапега

Сојузниците на НАТО ја повикуваат Белорусија да ги почитува основните човекови права и слободи и да ги почитува правилата на меѓународниот поредок, се вели во соопштението. Северноатлантскиот совет поддржува итна независна истрага за инцидентот со авионот на Рајанер во Минск.

– Ние ги поддржуваме повиците за брза и независна истрага, вклучително и од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, се вели во соопштението.

Советот на НАТО исто така ги поддржува мерките преземени од сојузниците во врска со овој инцидент.