Дипломатски извори доцна синоќа објавија дека консултации побарале САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Естонија.

Средбата е закажана за 16 часот по локално време.

Суданската армија вчера ја презеде власта во земјата, го уапси премиерот и неколку министри и ја распушти преодната влада.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против државниот удар. Армијата отвори оган врз демонстрантите при што загинаа две лица, а 80 беа повредени.