„ЗА“ гласаа 14 земји, Соединетите Држави беа воздржани. Од Белата куќа велат дека одговорот на Израел е изненадувачки.

„Морам да ти кажам, ние сме некако збунети од ова. Всушност, тоа е необврзувачка резолуција, така што нема никакво влијание врз Тел Авив и способноста на Израел да продолжи да го брка Хамас. Тоа воопшто не претставува промена во нашата политика. Ние сè уште го чуваме грбот на Израел. Обезбедуваме алатки, системи за оружје, за да може земјата да се одбрани од што се согласуваме дека сè уште е остварлива закана“, изјави Џон Кирби, Совет за национална безбедност на САД.

Членовите на семејствата на заложниците што ги држи Хамас велат дека одлуката на ООН го зголемува меѓународниот притисок врз Израелците. Упатени критики за барањето на прекин на огнот. Се верува дека во рацете на Хамас сè уште се околу 100 Израелци што милитантната група ги зароби по ненадејниот напад на 7 -ми октомври во јужен Израел.

„Оваа одлука го зголемува меѓународниот притисок врз нас, државата Израел. Колку повеќе се предаваме и се обидуваме да им угодиме, и се обидуваме да им угодиме на земјите во светот, тие ќе се чувствуваат помоќни да не потчинат и да не притиснат да се откажеме“, изјави мајка на заложник.

Министерот за одбрана на Израел вели дека немаат морално право да ја запрат војната, а операциите против Хамас продолжуваат насекаде. Шефот на американската дипломатија, Блинкен одново потенцираше дека САД се противат на офанзивата во Рафах.

„Немаме морално право да ја запреме војната во Газа додека не ги вратиме сите заложници дома. Ако не донесеме јасна и одлучна одлука во Газа, тоа може да не донесе поблиску до војна на северот“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Израелската војска објави снимка од, како што велат, напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. Во текот на изминатиот ден, борбени авиони погодиле над 60 цели на опколената територија.

Извор: МРТ