Професорот Александар Спасеновски во гостувањето во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител говорејќи за претстојните претседателски и парламентарни избори, а во врска со тоа дека се споменува и неговото име за кандидат за претседател, тој посочи дека е запознаен со фактот дека партиите прават анкети.
„Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува. Сепак, личниот рејтинг и политичките ставови се само дел од критериумите бидејќи партиите при изборот се водат и од други познати и помалку познати варијабли“, рече Спасеновски.
Професорот Спасеновски напомена дека комплексен е начинот на носење на одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата.
„Оттука, а имајќи ги во предвид минатите искуства е дека секакви опции се возможни“, рече Спасеновски.